СТРИПОТ ВО ФУНКЦИЈА НА ЗДРАВА ЖИВОТНА СРЕДИНА

Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес веке втор месец го изведува проектот КРЕАТИВНА СТРИП КАМПАЊА „МАКЕДОНИЈО, ЗЕЛЕНА ТИ ЌЕ БИДЕШ!” .Истиот е во склоп на Концептот ЗЕЛЕН СКОК – Партнерства за климатска акција финансиран од страна на Фондацијата Отворено Општество Македонија.Проектот ќе трае 4 месеци.
Главна цел на истиот е развој на еколошката свест кај населението во РС Македонија што ке се оствари преку креативна кампања и мобилизација на младите генерации од сите средини за креативно размислување за еколошките проблеми … сето тоа преку користење на креативната алатка СТРИП.


Главни активности во проектот се:
Подготвување и цртање на наменски стрип којшто ке биде изработен од страна на професионално ангажирани автори : сценарист и цртач коишто ке изработат стрип на 6 страници
конкурс за посебни ученички стрипови од кои ќе се изберат најдобрите и доделат пригодни награди.
Наменскиот професионален стрип, како и најдобрите стрипови по тематскиот стрип конкурс ке бидат вметнати во посебен тематски каталог, заедно со претставување на проектот, организацијата носител, персоналот.
Тимот на Стрип центар на Македонија-Велес веке го изработи сценариотo на наменскиот стрип којшто ке го нацрта млада авторка Евгенија Трајковска, студентка на Ликовна академија при УКИМ.



Како што може да се види , темата на проектот е сопирање на енормното аерозагадување, растечката загрозеност на биолошката разновидност, намалувањето и злоупотребата на зелените површини и водите, управувањето со цврстиот отпад итн…. коишто од секојпат биле предмет за бавење на граганските организации , институции и поединци .Мегутоа креативноста на овие залагања се обезбедува преку користење на алатката СТРИП која е во солидна позиција да ги промовира и горенаведените еколошки теми.
Оваа релативно нова култура(околу 150 г) мошне бргу беше прифатен како средство за комуникација. Едноставниот пристап на раскажување на приказна преку слика ги плени луѓето од самиот почеток ,па затоа стрипот се здоби со репутација на „деветта уметност”. Стрипот како 9 –та уметност опфаќа неколку сегменти ; цртеж,текст, порака, позитивни јунаци. Toj посебно во минатото беше многу популарно средство кое на младите им овозможуваше, читајќи го , да „патуваат и фантазираат” преку него . Еден од великаните на стрипот Хуго Прат има речено дека„ тој ги црта текстовите и ги пишува сликите”.Според други дејци, стрипот е „филм на хартија”

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Мајска сесија – музичка временска машина по повод Europe Day 2024

Дали сте подготвени за мајска сесија? Но, овој пат не испитна, туку музичка и патувачка! …