(ФОТО) Наставниците во Шпанија носат здолништа за поддршка на ученик кој е избркан поради тоа

МАШКИТЕ наставници и професори во Шпанија носат здолништа во училниците и на тој начин се борат против родовите стереотипи.
Наставниците низ целата земја се приклучиле на движењето #laropanotienegenero (облека без пол) откако минатата година еден ученик бил избркан од училиште затоа што носел здолниште.
Мануел Ортега бил меѓу последните кои се приклучија на движењето и го носи здолништето од мај.


„Училиштето учи почит, разновидност и толеранција. Облечете се како што сакате”, рекол Ортега на Твитер.
Во меѓувреме, наставникот Хозе Пињас зборувал и за одлуката да се носи здолниште на училиште.

„Пред 20 години претрпев прогон и навреди за мојата сексуална ориентација во институцијата каде што сега сум учител. Многу наставници ја вртеа главата на другата страна”, напишал тој, додавајќи: “Сакам да му се приклучам на исфрлениот Микел од училиште и испратен до психолог за доаѓање на предавање со здолниште“.
Во октомври минатата година, ученикот Микел Гомез од Билбао се појавил со здолниште на час за да го поддржи феминизмот и различностите. Оттогаш, стотици ученици и наставници се приклучиле на движењето во знак на солидарност со него.
„Ова е гест од кој стравувам. Главната цел на оваа акција е да се поттикне почит кај учениците и да се стави крај на апсурдната идеја дека облеката има пол“, бил еден од коментарите на Твитер.

Фото: Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре, 23.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Бизнис: Нема пречки на професионалниот пат на Овенот овој четврток. Постои можност да се …