Стенд-ап вечер со 5 комичари!

Skopje Comedy, по повод денот на комедијата на 18-ти Февруари, организира стенд-ап шоу со 5 комичари.
На 18-ти Февруари во МКЦ Клуб Ресторан доаѓа Никола Радојловиќ од Белград, за прв пат пред скопската публика, да се претстави со неговиот нов комичен материјал наречен „Мала Непријатност”. Овој супер талентиран комичар е член на standup.rs повеќе години и е добро познат на Белградската сцена. Никола е еден од ретките слепи комичари на Балканот, а кога во интервју го прашуваат зошто решил да се занимава со комедија тој вели дека тоа е зашто не сака да биде духовит по секоја цена.

This image has an empty alt attribute; its file name is stend-ap-komedija.png
Како засилување, од Охрид, преку Стража, во Скопје доаѓаат 4-ца стенд-ап комичари кои ќе и се претстават на публиката со BEST OF материјал, внимателно селектиран по многу нивни настапи.
Настанот започнува во 20:30 часот, а билетите можете да ги набавите по цена од 400 денари на mktickets.mk и во продажната мрежа на МКТикетс низ републиката.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашата истакната писателка Кристина Николовска

Кристина Николовска е родена на 17 мај 1969 година во Скопје. Таа е македонски поет, …