(ФОТО) Има сомненија дека познатиот глумец Боб Сагет е убиен: „Тоа не можела да биде невина повреда на главата“

Актерот и комичар Боб Сагет почина на почетокот на јануари, а пред неколку дена беше потврдено дека причината за смртта била повреда на главата која не ја ни забележал.
Сега експертите им кажале на медиумите дека тоа сигурно биле многу посилен удар отколку што се мислело.
Според извештајот од обдукцијата, Сагет паднал наназад и се удрил во задниот дел од главата, а неговата смрт е прогласена за несреќен случај. Сепак, неврохирургот Сањај Гупта се прашува колку темелно била истражена неговата смрт и што предизвикало толку тежок удар во главата.

View this post on Instagram

A post shared by Bob (@bobsaget)


„Мислам дека обдукцијата открива многу повеќе и дека тоа не бил само невин удар во главата. Кога ќе ги прочитате извештаите од обдукцијата, можеби изгледа така, но тоа бил позначаен удар во главата“, изјавил неврохирургот за Си-Ен-Ен. .
„Потребна е голема сила за да толку се оштети черепот. Судејќи според се , лицето кое има повреда како Сагет требало да падне низ скали или можеби дури да го удри и автомобил. За жал никогаш нема да дознаеме што точно се случило. Можам само да кажам дека за таква повреда е потребна безбол палка“, рекол Гупта.


View this post on Instagram

A post shared by Bob (@bobsaget)


Неговата изјава предизвикала бројни теории на заговор на Твитер, а многу фанови на Сагет веруваат дека комичарот е убиен и дека полицијата треба да ја истражи неговата неговата смртта.
„Морам да признаам дека смртта на Боб Сагет со екстремна траума на черепот и повреди на коскената орбита, како што е соопштено, веднаш покрена сомнеж за убиство“, „К го уби Боб Сагет?“, „Боб Сагет беше убиен“, се само некои од коментари.на корисници кои не се убедени дека извештајот од обдукцијата е вистинит.

„Констатирано е дека случајно се удрил во задниот дел од главата, мислел дека не е ништо опасно и отишол да спие“, напишало неговото семејство во соопштението пред неколку дена, а обдукцијата потврдила дека тој немал опојни средства во неговиот крв во моментот на смртта.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …