СРЦЕТО ДА ВИ ПУКНЕ: Дваесет дена по трагичната смрт на 16-годишната позната реална ѕвезда, мајката добила проштален подарок

Смртта на младата реална ѕвезда ги шокираше сите, а сега мајката добила подарок кој целосно ја скршил.
Поминаа едвај дваесет дена од смртта на Кајли Пози, некогаш најубавото девојче и ѕвезда на контроверзната шоу програма „Toddlers And Tiaras“, а светот се уште е потресен од теориите за нејзината смрт.
Убавата тинејџерка само неколку дена пред самоубиството наполнила 16. години, а полицијата ја нашла обесена во државниот парк Бирч Беј во Вашингтон, недалеку од нејзиниот дом, а овие детали потресоа милиони.
Како што пишуваат странските медиуми, Кајли во моментот на смртта не оставила проштална порака, но сепак на некој начин се простила од најмилата личност. Имено, нејзината мајка Марси Гутерман добила подарок кој и го испратила нејзината сакана две недели пред смртта.

Срцепарателна порака
Кајли преку ТикТок нарачала ќебе, а мајка и сега за Е! News открила и што пишувало во пораката што пристигнала со подарокот.
– Драга мамо, и сега кога не сум со тебе, сакам да знаеш дека те сакам и ценам. Секогаш. Завиткај се во ова ќебе и сметај го за голема прегратка. Те сакам – рекла ожалостената Марси.
Несреќната жена била целосно скршена од загубата, но ги искористила мрежите за да им се заблагодари на сите за поддршката и да ги потсети младите следбеници да зборуваат за нивните проблеми, а дека самоубиството не е решение.



– Ова е најлошото нешто што може да го доживее една мајка. Родителите кои имаат деца кои се тинејџери и кои користат телефони, секогаш проверувајте ги нивните уреди. Ако нешто ве мачи, не молчете. Кажете им на своите родители. Никој нема да ве осуди, туку ќе ви ја даде потребната помош. Но, ние треба да знаеме за да можеме да ви помогнеме. Не го кријте во себе – додадла таа.

Гутерман прва ја споделила веста за смртта на нејзината ќерка
– Немам зборови, моето прекрасно девојче го нема. Ве молиме почитувајте ја нашата приватност додека жалиме за загубата на Кајли. Таа ќе биде мое бебе засекогаш“.
Мајката на Кајли Пози објави и фотографија од нејзината ќерка во фустан, а тинејџерката требала да учествува на натпреварот „Мис тинејџерка на Америка“.


Во меѓувреме се дозна дека таа починала, а информацијата дека на таков брутален начин го прекинала детството и светлиот живот што ја чекал особено била болна за нејзиното семејство и најблиските пријатели кои решиле да покренат фондови за сите оние кои се борат со секаков вид ментални здравствени проблеми.

Кајли во светот на манекенството е од својата трета година, а како и повеќето девојчиња кои учествуваа на детскиот избор за мис, одела во солариум, се шминкала, носела вештачки нокти и високи потпетици…
Подоцна продолжила да се натпреварува и била многу успешна во тоа, а нејзината мајка додала дека ништо не укажувало на трагедијата бидејќи се однесувала како исполнета и среќна личност.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

УЖИВАЈТЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ДО ВТОРНИК: Од среда дестабилизирање на Атмосферата и локални врнежи, грмежи и засилен ветер

Метео прогноза на Славчо Попоски: Почитувани наши, уживајте во убавото пролетно топло време се до …