Меган Маркл се обидела да се протурка да дојде во првиот ред на сцената, видеото е ХИТ!

На СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ почна да кружи видео од настанот во кој Меган Маркл се нашла во прилично непријатна положба.
На поло турнирот, кој се одржа минатата недела во клубот Santa Barbara Polo & Racquet Club, победил тимот на принцот Хари, а Меган Маркл им се придружила на момците во подигнувањето на трофејот на сцената.
Во видеото, војвотката од Сасекс со сеприсутна насмевка се обидува да се втурне во првиот ред, но изгледа дека момчињата, вклучително и принцот, ја спречуваат со своите тела. Се обидела да земе и кутија за подарок од еден спортист, но безуспешно. На крајот некако ја пуштиле во првиот ред, но целата ситуација испаднала доста комична и непријатна.

„Моето омилено видео досега. 1) Тие не знаат што да прават со неа. 2) Таа се обидува да земе кутија за подарок од момчето, неговата реакција е „Нема шанси“. 3) „Ја блокираат поради трофејот. Чисто злато“, напишал корисникот на Твитер кој го објавил ова видео.

„Требаше да се тргне веднаш штом почнаа да го креваат трофејот“
Некои коментатори го нападнале однесувањето на Меган Маркл: „Зошто таа воопшто мора да биде на фотографијата?“, „Таа само им пречи и мисли дека е во главната улога“, „Како може некој да биде толку несвесен за својата улога? Требаше да се тргне далеку штом почнаа да го креваат трофејот. Што ја прави поважна од другите партнери на играчите?”, „Таа требаше да биде со другите сопруги и девојки и да му аплаудира на тимот”.


Но, некои дури и ја бранеле: „Да бидам искрена, таа сакаше да биде во вториот ред, но Хари и сигнализираше да излезе и затоа се’ испадна толку апсурдно“, „Мораме да бидеме искрени и да кажеме дека и нејзиното име е на поканите за турнирот“.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …