(ФОТО) Писателката на романот „Како да го убиеш својот маж“ прогласена за виновна за убиство на нејзиниот сопруг

Писателката на љубовни романи која напиша роман наречен „Како да го убиеш мажот“ била прогласена за виновна за убиство на нејзиниот сопруг пред четири години.
Ненси Крамптон Брофи (71) вчера е осудена за убиство од втор степен, откако американската порота во Портланд ја разгледала смртта на готвачот Даниел Брофи за време на дводневното судење, објавија странските медиуми.
63-годишникот бил убиен на 2. јуни 2018. година додека се подготвувал за работа во Кулинарскиот институт Орегон во Југозападен Портланд. Ненси Крамптон Брофи не покажала видлива реакција кога ја слушнала пресудата во преполната судница.
Лиза Максфилд, една од нејзините адвокати, рекла дека тимот на одбраната планира да поднесе жалба.
Ова доаѓа откако обвинителите им кажале на поротниците дека Ненси Крамптон Брофи била мотивирана од проблеми со пари и полиса за животно осигурување.

This image has an empty alt attribute; its file name is nensi-krempton.jpg


Таа за време на судењето рекла дека немала причина да го убие сопругот и дека нивните финансиски проблеми се главно решени, но било откриено дека поседува иста марка и модел на пиштол кој бил користен за униство на нејзиниот сопруг, иако полицијата никогаш не го пронашла оружјето.
Ненси Крамптон Брофи, исто така, била видена на снимките од надзорните камери како вози до и од Кулинарскиот институт, покажале судските докази и судските сведоштва.
Таа за време на судењето сведочела дека нејзиното присуство во близина на кулинарското училиште на денот на смртта на нејзиниот сопруг било обична случајност и дека го паркирала автомобилот во областа за да пишува.
Таа останала во притвор од нејзиното апсење во септември 2018. година, а нејзината пресуда ќе биде изречена на 13. јуни.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре, 15.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Овој работен ден за повеќето Овни треба да помине без поголеми пречки и …