Среќен роденден Емра Куртишова !!!

Емра Куртишова е родена на 30 декември 1985 година во Скопје. Таа е наша актерка, најпозната по улогата на Исаура во хит серијата „Преспав“.

Во 2009та година дипломира на Факултетот за Драмски Уметности – Скопје, во класата на проф. Владимир Милчин и асс. Сузана Киранџиска. Дипломира со претставата “Вртелешка” од Артур Шницлер во улога на Слатката девојка.


За време на студирањето дел е од значајни работилници за размена на искуства во три фази – Македонија, Германија и Франција предводени од проф. Владимир Милчин.

Од 2009 година па навака, има остварено голем број на театарски, телевизиски и филмски улоги. Од 2012 година е вработена во Театарот за деца и младинци во Скопје.


Среќен роденден Емра, многу здравје и успеси на професионален план ти посакува редакцијата на Екран.

 


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 17.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Последниот ден од работната недела може да биде еден од постресните за Овенот. …