ШТО и да е проблемот во врската или бракот, брачната советничка Рејчел Сусман го има слушнато. Понекогаш љубовните односи меѓу двајца луѓе знаат да се доста предизвикувачки и бараат напорна работа и труд за да односот биде здрав и искрен. Сусман тврди дека има три проблеми со кои се соочуваат повеќето двојки, но кои можат да се решат со соработка.
1. Сексуални нагони кои не се поклопуват
Некој има повисоко либидо, некој пониско, потполно нормална работа. Но често тоа може да создаде проблем во врската каде лицето со помали сексуални инстинкти се чувствува виновно што нема исти потреби како личноста со повисок сексуален нагон кое по некое време станува незадоволно и нетрпеливо.
Брачната советничка Сисман во такви ситуации предлага компромис.Лицето со пониско либидо треба да најде начин да ја засили сексуалната возбуда, а лицето со повисоко либидо треба да работи на самоконтрола и разбирање на друго лице.
Продолжува на следната страна…