2. Страста во врската се намалила
Во интервју за списанието Insider, брачната советничката Сусман вели дека двојките многу често сметаат дека страста во врската се одржува сама по себе. За жал, тоа не е вистина. Како и околу сè, и за страста во врската треба да се работи. Договорете состанок на ново и возбудливо место,зачинете го вашиот сексуален живот со нова долна облека, сторете што и да мислите дека ќе ја врати страста на почетното ниво. Единственото нешто што не ви е потребно е да очекувате магичен пресврт што ќе се случи сам по себе.
3. Сте сфатиле дека спротивностите баш и не се привлекуваат
Иако можеби на почетокот на врската, ви се чинело дека спротивноста станала атрактивна и клуч за страст и добар однос, по некое време сте сфатиле дека спротивните размислувања и карактери едноставно се оддалечуваат. Во овој случај, компромисот исто така игра многу важна улога. Обидете се да ги избалансирате односите и да ги одделете навиките кои не сакате да ги правите заедно во времето кое го посветувате еден на друг.