ТВ-серијата на кабелската ТВ куќа HBO, „Игра на престоли” со 22. номинации води во бројот на номинации за наградата Еми, по што следат „Западниот свет” и „Приказната на слугинката”.
Серијата заснована на романите на Џорџ Р.Р. Мартин веќе два пати освоила Еми за најдобра драмска серија.
Сепак, годинава ќе се соочи со тешка конкуренција, имајќи предвид дека „Западниот свет”, чија акција се одвива во забавниот парк во дивиот запад, населен со андоридни домаќини, доби 21. номинација, а “Приказната на слугинката”, која зборува за дистописката иднина, 20 номинации.
Серијата „Атланта“ на Доналд Гловер води во категоријата за најдобра комедија со 16. номинации.
Ситкомот „Розен“ кој е откажан поради расистичкиот твит на Розен Бар добил само една важна номинација – Лори Меклиф е номинирана за најдобра споредна глумица.
Со 21. номинација може да се пофали скеч комедијата на Лорн Мајклс „Во живо во сабота навечер“ која ја исмејува администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
Наградите Еми ќе бидат доделени на 17. септември.
За „Игри на престолите“ најмногу номинации Еми
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.