Споменар: 20 кратки и интересни одговори со Славчо Попоски

Во рубриката „Споменар“ нашите познати личности одговараат на 20 кратки и интересни прашања по теркот на споменарите што беа актуелни кај тинејџерите во 80те и 90те години пред интернетот да стане главна занимација. Се надеваме дека за миг ќе ви ги „разбудиме“ најубавите спомени …

Денес ви го презентираме „споменарот“ на нашиот метеоролог Славчо Попоски.


  • Во колку часот се будиш?
  • Обично многу рано се будам и станувам, во 5 – 5 и 30!

 

  • Кој ти е прекар?
  • Славчо Метео, обично и така ме пишуваат некои од медиумите 🙂

 


  • Што си во хороскоп?
  • Во хороскоп сум Девица!

 

  • Кој ти е омилен пијалак?
  • Не пијам алкохол, мојот омилен пијалак е кисела вода!

 


  • Која ти е омилена боја?
  • Црвена

 

  • Кое ти е омилено јадење?
  • Ориз со пилешко

 

  • Која ти е омилена книга?
  • Веднаш да си кажам дека никоја, книги не читам 🙂

 

  • Кој ти е омилен филм/серија?
  • Филмови и телевизија не гледам 🙂

 

  • Кој ти е омилен спорт?
  • Не спортувам ништо

 

  • Што знаеш најубаво да зготвиш?
  • Најубаво знам да зготвам супа, јајце, тестенини. Значи тоа што е најлесно 🙂

 

  • Кое е твоето омилено годишно време?
  • Дефинитивно зима

 

  • Со кога сакаш да снимиш дует?
  • Кога би бил пејач, а не сум од машките со Христијан Настески – Пајак, од женските со Каролина Гочева!

 

  • Која е твоја најдобра и најлоша особина?
  • Најдобрата моја особина е што примам шала, се шалам, и помагам на сите! Најлошата е што за некои сум премногу добар и ме злоупотребуваат, и повторно би им помогнал иако не треба!

 

  • Кој е твоја омилена македонска песна?
  • “Велат не нема” од Влатко Миладиновски кој многу го почитувам

 

  • Омилен пејач/ка, група (македонски)
  • Некст Тајм

 

  • Најубаво место што си го посетил?
  • Мојата прекрасна планина Јабланица и селото Горна Белица

 

  • Како се викаше првата ваша девојка?
  • Вики

 

  • Со кого го пиеш утринското кафе?
  • Со колегите на работа

 

  • Кој е твојот омилен музички македонски албум?
  • “Мајка” на Некс Тајм

 

  • Кој е твојот омилен глумец/ца од Македонија?
  • Мојт омилен глумец е покојниот Горѓи Колозов! Тој останува Македонскиот цар засекогаш! Но многу добри се сите од старата екипа од Македонски Народни Приказни, но за жал повеќето ги нема меѓу нас.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …