Сеќавање: една година без нашата актерка Катерина Крстева

Катерина Крстева е родена на 20 јули 1941 година во Велес. Таа беше истакната македонска театарска, филмска и телевизиска глумица, позната како Мара Попара, по улогата во филмот „Во кафулето кај Гане“.

Во 1960 година, Крстева се вработила во Драмски театар во Скопје, а од 1964 до нејзиното пензионирање работела во Македонски народен театар во Скопје. Првата улога во МНТ ѝбила онаа во драмата „Дон Цезар од Базан“ премиерно прикажана во 1965 година.


Останати нејзини позначајни улоги во МНТ се оние во претставите: „Антица“ (1965), „Градскиот саат“ (1966), „Ревизор“ (1966), „Стапица за осум беспомошни жени“ (1966), „Време од вашиот живот“ (1967), „Сенка“ (1967), „Вител“ (1968), „Мајка“ (1968), „Без вина виновни“ (1968), „Бања“ (1968), „Печалбари“ (1969), „Играта на наредникот Мазгрејв“ (1969), „Парите се отепувачка“ (1970), „Живиот труп“ (1971), „Херкул и оборите на Авгиј“ (1971), „Коштана“ (1971), „Зајдисонце“ (1971), „Фома“ (1972), „Животот на Галилеј“ (1972), „Децата на сонцето“ (1973), „Скуп“ (1973), „Хелдерлин“ (1973), „Ѕидот, водата“ (1973), „Хемиските потписи на човечките организми во воздухот“ (1975), „Хеда Габлер“ (1976), „Отепвачка“ (1976), „Бесови“ (1978), „Кенгурски скок“ (1979), „Милион маченици“ (1980), „Остен“ (1981), „Молскавици“ (1981), „Граѓанинот благородник“ (1982), „Воена тајна“ (1984), „Бог“ (1984), „Слободни врски“ (1984), „Иванов“ (1984), „Аудиенција и под нов покрив“ (1988), „Рекламна бајка“ (1989) и последната „Крик“ (1991).

Крстева починала на 9 јануари 2023 година во Скопје.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Изложбата „ПИКАСО МОЖЕБИ ЈАС“ во чест на Пикасо од Македонскиот керамичар Филип Фидановски ќе биде поставена во Хрватска

Керамика мултиплекс 2024, КЕРАМЕИКОН -ДРУШТВОТО НА КЕРАМИЧАРИ НА ХРВАТСКА Ви ја претставува изложбата „ПИКАСО МОЖЕБИ …