Соопштение од Здружение на кабелски оператори МК НЕТ Скопје

Сакаме да ја запознаеме јавноста во Р. Македонија дека Стопанската интересна заедница на оператори на кабелска мрежа МК НЕТ Скопје не се согласува со намерата на Владата на Република Северна Македонија да се формира фонд за подршка на медиумите, а кој фонд ќе треба да го финансираат кабелските оператори.

  Ваквата намера на Владата ќе предизвика зголемување на месечната претплата.


  Доколку Владата ја донесе Уредбата со законска сила со која ќе се формира фонд за подршка на „профитабилни„ медиуми, ја известуваме јавноста дека кабелските оператори ќе бидат приморани да ја зголемат месечната претплата на своите претплатници, или да пристапат кон исклучување на телевизиските канали кои во овие тешки времиња сакаат да се богатат на грбот на граѓаните

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на книгата „Кобајаши Мару“ од Анде Јанков

Во Europe House во Велес, денес со почеток во 19:00 часот, во организација на книжевниот …