Соопштение од кабелските оператори по повод Уредбата на Владата за формирање Фонд за медиуми – исклучувањето е засега одложено

Почитувани медиуми во Р. Македонија
Сакаме да ја запознаеме јавноста дека добивме писмен одговор од министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, дека владата на РМ нема донесено Уредба со законска сила за основање Фонд за подршка на медиуите и дека доколку одлучи да воведе некаков вид давачка која би паднала на грбот на граѓаните, претходно благовремено ќе не извести и ќе побара наше мислење и став по истото.
Оттаму ве известуваме дека најавениот протест со исклучување на реемитување на македонските програмски сервиси (радиодифузери) го одложуваме на неопределено време.
За сите понатамошни активности во врска со ова прашање благовремено ќе ја известиме македонската јавност.
Од
Стопанска интересна заедница на оператори на кабелски мрежи МК – НЕТ, Скопје

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Фамилијарната комедија „Луси гангстерката“ синхронизирана на македонски и албански јазик во кината

Шарената фамилијарна комедија „Луси гангстерката“ во режија на Тил Ендеман, синхронизирана на македонски и албански …