Се шокирал кога дознал дека еден од новородените близнаци не е негов…

Еден маж од Кина бил шокиран кога дознал дека еден од двата новородени близнаци не е негов.
Откритието дошло откако близнаците биле подложени на ДНК-тестирање, што е стандарден процес при регистрирање на раѓање во Кина, пренесува „Дејли меил“.
Денг Јајун, аналитичар кој издава доказ за татковство, тврди дека шансите за такво нешто да се случи е една од десет милиони.
“Прво треба да се случи мајката да произведува две јајца наместо едно тој месец, а потоа мора да има секс со двајца мажи за многу кратко време. Резултатите покажаа дека децата имаат иста мајка, но различен татко”, рекол Денг, раководител на Центарот за судска идентификација во Пекинг.
Близнаците со различни татковци се исклучително ретка појава позната како хетеропатерална суперфекција.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …