Со велосипед до East Gate Mall!

Нема поубав, побрз и поедноставен начин да се пристигне на омиленото место отколку со велосипед. Нема гужви, нервози, нема да се испотите, да ја изгужвате кошулата или фустанот. Не зависите премногу од семафори и сообраќај, не загадувате, а дополнително е добро и за одржување фит форма.

Дури и штиклите или кондурите може да ги сместите во мало ранче, и полека да почнете да ги вртите педалите. Возењето велосипед е блага физичка активности со која се релаксираме и одмораме. Нема подобар начин заедно со пријателите, или пак со целото семејство да пристигнете до East Gate Mall и да поминете еден прекрасен ден! Да купите нешто во омилената продавница, или да седнете на кафе!


И можеби токму денес е тој ден.!

А East Gate Mall ги обезбеди сите услови. Го изгради најголемиот паркинг за велосипеди и тротинети во градот, каде безбедно можете да го оставите велосипедот, и да уживате во разновидната понуда на содржини кои ги нуди молот.


Возењето велосипед е веќе светска тенденција, и во урбаните средини граѓаните се повеќе и повеќе со велосипед пристигнуваат до омилената локација.

East Gate Mall се залага за почиста животна средина и го поддржува возењето велосипеди и здравите навики кај сите.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 18.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Првиот ден од викендот им доаѓа очекувано за повеќето родени во знакот Овен, …