Славчо Попоски најавува високи температури, но и можно невреме! Еве од кога!

Нашата територија, но и територијата на целиот регион во следните дестина дена ќе се наоѓа под влијание на топла воздушна маса која продира од југ (северните предели на Африка). Времето ќе биде сончево со натпросечно високи максимални дневни температури на воздухот, додека наутро и понатаму ќе биде свежо.

Од средината на оваа седмица локално ќе има повеќе облачност, а од петок и за време на викендот во попладневните часови ќе има изолиран развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. И во делови од Скопската котлина од петок попладне ќе има услови за нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.


Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 17 степени, додека особено во Малешевијата температурата ќе се спушта и под 10 степени, а максималните дневни температури на воздухот како што кажавме ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени.

Ув индексот во следните неколку денови ќе има висока вредност и ќе изнесува 7.


За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …