Лекува мрзливи црева и лошо варење: Овој рецепт од само две состојки е вистинско чудо!

Треба да отстои барем осум часа, па е најдобро да се подготви вечерта пред конзумирање…
Ви претставуваме едноставен рецепт кој ефикасно го решава проблемот со мрзливите црева, нередовно одење во тоалет и хроничен „затвот“ (тврда столица).
Состојки: 1 лажичка ленено семе, 1 шоља минерална вода.
Подготовка: вечер пред да си легнете една лажичка ленено семе ставете во шоља минерална вода.Лесно измешајте и оставете на собна температура до наутро – треба да отстои барем осум часа.

Наутро на празен желудник испијте ги зрнцата ленено семе (кои ќе бидат скоро распаднати) заедно со водата. Вода скоро и нема да има бидејќи семките ќе набабрат и впијат цела течност, тоа ќе биде како желе.
Дозата е за еднократна употреба и се подготвува нова за секој ден. По желба можете да измешате со кисело млеко и да додадете во смути, илив о овесна каша или корнфлекс, како додаток.
Ако сакате потполно да го исчистите системот за варење, втората недела на користење зголемете ја дозата на 2 лажички ленено семе, третата на три, четвртата намалете повторно на две и потоа продолжете со дозата од почетокот, по една лажичка дневно.
Може да се зема неограничено време и нема никакви несакани ефекти.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

НАЈГОЛЕМИОТ ДЕЛ ОД МЕСЕЦ МАЈ ЌЕ ГО ПОМИНЕМЕ СО ПОЛАДНО ВРЕМЕ ОД ВООБИЧАЕНОТО – За летни температури ќе си почекаме

Метео прогноза на Славчи Попоски: Судејќи според моменталните прогоностични материјали со кој ние располагаме, укажуваат …