Во текот на следниот период под влијание на невообичаено топла воздушна маса од југ, поточно од северните предели на Африка, времето во државава ќе биде невообичаено топло за овој период од годината со значително повисоки температури од вообичаените.
Максималните дневни температури ќе бидат највисоки во првите неколку денови од ноември и истите ќе се искачуваат во интервалот од 22. до 28. степени.
Ќе има променлива облачност повремено со сончеви периоди а ќе дува и умерен и повремено засилен ветер од јужен правец, исто така денес (вторник) ќе има и локални
врнежи од дожд а има услови и за ретка појава на грмежи.
Повеќе врнежи ќе има на запад.
Поради силното јужно и југозападно воздушно струење од Сахара кон нашата територија ќе се врши транспорт на прашина и на песок со што дождот кој ќе паѓа ќе биде помешан со прашина и со песок, атмосферата исто така ќе биде и доста заматена.
Подготви: Славчо Попоски