Внуката на чичко Пепи со емотивна порака: Внимавајте на луѓето со деменција!

Еден од последните случаи на исчезнато лице беше за чичко Пепи по кого се трагаше со недели. За жал, не беше пронајден чичко Пепи туку неговото тело…

По веста дека исчезнатиот чичко Пепи од Скопје по кого се трагаше речиси две недели е пронајден мртов во водите на реката Лепенец, се огласи неговата внука.
„Збогум вујче Пепи
Драги пријатели, завчера наутро е пронајдено телото на вујко ми Пепи, во околината на Злокуќани. Веројатно е починат во првите два дена по исчезнувањето. Идентификуван е врз основа на облеката и трагите од операцијата на срцето. Не се сомневаме дека е тоа Пепи, но, додека не се направат ДНК анализите не може да го погребаме, ќе известиме за погребот дополнително.


Фала ви премногу од име на целото семејство на сите добри луѓе за огромната помош во потрагата по вујко ми, за сета љубов, енергија и поддршка.Навистина се надевам дека многу луѓе ќе научат нешто од нашата ситуација- огромен е бројот на луѓе во Македонија кои живеат со некаква форма на деменција, а 6. од 10. луѓе со деменција „отшетуваат” како вујче Пепи и се губат, не сфаќаат дека се изгубени и не знаат да побараат помош. Ако видите човек на улица кој делува збунето, изгубено, пријдете му, направете муабет и задржете го, доколку имате и најмала сомнеж дека се работи за изгубен човек, не го губете од вид и јавете се на 192. полиција, можеби ќе спасите нечиј живот. Ако се грижите за близок со деменција, набавете ГПС часовник или слична ГПС направа – за жал вакви работи се случуваат, дури и кога ги гледаме 24-7.
Фала ви уште еднаш на сите“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЗНАЦИ кои КАЖУВААТ дека некој не ви е ВИСТИНСКИ ПРИЈАТЕЛ: Еве на кои сигнали треба да обрнете внимание!

Понекогаш луѓето се преправаат дека ви посакуваат добро, но всушност имаат скриени намери Пријателството треба …