Синот на Оливер Драгојевиќ ги потврдил добрите вести:Пејачот не можел да добие подобар подарок за Божик!

Здравствената состојба на Оливер Драгојевиќ оди на подобро. Неговиот син Дино ги потврдил одличните вести.
Оливер Драгојевиќ имал само една желба за Божик, а тоа е празниците да ги дочека во својот дом во Сплит, окружен со најмилите. Желбата му се остварила, а се чини дека пејачот нема да се враќа на болничко лекување. Неговиот син Дино ги потврдил добрите вести – здравствената состојба на Оливер оди на подобро.
“Тато е добро, многу подобро отколку изминатите недели. Сега сите сме дома, а тој е позитивен, ниту еднаш не го окупирале некои црни мисли и тоа е најголемата снага“ открил Дино.
Во средината на ноември Оливер бил итно хоспитализиран бидејќи состојбата нагло му се влошила. Неговиот организам дополнително го исцрпиле и хемотерапиите кои, според последните наоди, вродиле со плод.
„Последниот преглед на ЦТ покажал дека тој карцином значително се намалил. Изглед дека хемотерапијата и зрачењето го напаравиле своето. Тоа е превртлива и непредвидлива болест, но се надеваме дека така и’ ќе остане“ изјавил Драгојевиќ помладиот и се заблагодарил на целиот тим лекари кој се грижи за Оливер.
Засега легендарниот пејач останува дома, а во болница ќе оди на стандардни прегледи и терапии.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави нашиот уметник Киро Урдин

Киро Урдин е роден во Струмица на 12 мај 1945 година. Дипломирал на правниот факултет …