(ФОТО) Џенифер Лопез за Божик добила подарок од 40. милиони долари

Откако ја развеселил со великодушен подарок од 40. милиони долари, славниот играч на безбол Алекс Родригез и латино дивата Џенифер Лопез отпатувале во Мајами да го прослават својот прв заеднички Божик, каде се собрало целото семејство…
Годинешните празници се врв на среќата низ која последните месеци минува Џенифер Лопез, откако ја запознала „љубовта на својот живот“, како што го опишала својот избраник Алекс Родригез.
Славниот пар го прославил својот прв заеднички Божик, а како идеално место за големата семејна прослава го избрале топлиот Мајами, каде допатувале со новиот приватен авион.
Импресивното здание на луксузниот авион вреден 40. милиони долари може без проблем удобно да смести 14. патници и да се упати и преку океанот на подолги релации, бил божиќен подарок кој Алекс великодушно и го подарил на својата сакана.
Парот отседнал во раскошна вила со базен, каде се собрале деветгодишните близнаци Ема и Макс, кои пејачката ги дели со бившиот сопруг, музичарот Марк Антони, како и двете ќерки на Алекс, Наташа и Ела кои ги добил од претходниот брак.


Семејниот собир го увеличало и поширокото семејство на латино дивата и тоа била одлична можност сите подобро да се запознаат.

Christmas Eve in Miami… 🌴🌞 #I’lltakeit


A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on

Освен тоа, семејниот собир бил одлична увертира за она што странските медиуми нагаѓаат дека следи.

🎄Christmas 2017

A post shared by Alex Rodriguez (@arod) on

Имено, пензионираниот играч на безбол, наводно, се подготвувал да ја запроси Џенифер.

„Тие дефинитивно зборуваат за брак, но Џенифер е старомодна и додека не види прстен на својата рака нема да зборува за тоа.Освен тоа, нивните деца многу навиваат за венчавка“ нагласил неодамна извор близок до среќниот пар.
После одморот во Мајами двојката се подготвува за уште едно патување со својот нов авион – на преубавите Бахами.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …