(ФОТО) Кели од „Беверли Холс“ за четири месеци повторно станала „слабичка“

Глумицата последните неколку години се здебелила. Ова лето папараците ја снимиле во запуштено издание, а сега излегувајќи од теретана покажала нова линија и многу посвежо лице…
Џени Гарт (45) во тинејџерската серија „Беверли Хилс“ ја играла Кели Тејлор, згодна русокоса во која сите биле вљубени. После тоа повеќе не остварила значајна улога.
Пред четири години се развела од Питер Фачинели (44) па во 2015. година се омажила за Дејв Абрамс (36).


August 2017. #jenniegarth #candids #paparazzi #actress

A post shared by FAN • FAN • FAN (@jenniegarth_fan) on


„Кели“ во меѓувреме се здебелила. Во август папараците ја снимиле во запуштено издание, а и самата признала дека има проблеми со килограмите.
„Станав мрзелива и прескокнував тренинзи“ зборувала тогаш, а судејќи според новите фотографии Џени Гарт се вратила во форма.
Имено, снимена е додека после тренингот излегува од теретана. На фотографиите изгледа видно помршаво, но и посвежо.
Џени Гарт со Фачинели има три ќерки – Лола (15), Фиона (11) и Луси (10.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …