„Симфонија на бои во пентаграм” на Дренуша Палоши во Мала станица

Со особено задоволство информираме дека на 15 декември 2022 (четврток), во Мултимедијалниот центар Мала станица, во 19 часот ќе биде отворена изложбата со наслов „Симфонија на бои во пентаграм” на ликовната уметница Дренуша Палоши. Истата ќе биде достапна за публиката до 25 декември 2022.

Пентаграмите во сликите на Дренуша се претставени како потпорен и заштитен столб на колоритот и фракциите на добиените нијанси. Преклопувањето на боите по определен редослед создава мелодија која не е композитно комплицирана, но која визуелно се разјаснува, изразувајќи интерпретативни вештини на музикалноста и љубовта кон музиката.


Боите се како нотите. Тие се фиксни во одреден број. Она што ги прави попродуктивни гледано од креативен аспект е нивната меѓусебна комбинација. Ова е втората способност развиена на мелодичната ткаенина на сликарката. Секоја боја комбинирана на пентаграм ги претставува кодните ноти на симфонијата, што доаѓаат од пијаното, кое е главниот елемент, создавајќи рамнотежа во формирањето на мелодијата која се манифестира визуелно, која истотака може да се доживее во внатрешноста на набљудувачот давајќи му слобода да создаде индивидуален мелодичен ритам.

This image has an empty alt attribute; its file name is Drenusha-cover.jpg


Играта внатре во сликите е пријатна и многу оригинална бидејќи е проследена со детска носталгија обвиена во љубов и спомени од часовите по пијано. Тие се претставуваат како невротични искри кои имитираат нервни влакна опиени од мелодијата на спомените! Секоја слика е придружена со посебен облик, воден од моменталната емоција која му дава уникатно значење!

Дренуша, се чини дека таа природно ја претставува среќната личност, харизмата исполнета со мелодии на среќата на нејзината ткаенина. Колоритот добиен со акрилна техника зборува многу, зборува за моќната енергија што ја има сликарката, за сигурноста и експресивноста што ја разлева врз ткаенината додека се бара формата и просторна координација на ткаенината.


Слободно можеме да кажеме дека детството поминато на часови по пијано, опкружено со љубов кон класичната музика и нежните звуци на татковата гитара кои често водеа кон еден дует, комбиниран со љубовта меѓу татко и ќерка, може да произведува вистински производ од овој вид, како што се преставува Дренуша во овој циклус.

Заробена помеѓу двата уметнички света, вреднувајќи го секој со иста љубов, сликарката избра заговор меѓу нив, помеѓу меѓусебното испреплетување, каде што во исто време слика музика и изведува сликањe.

Енеса Мемети, професор по ликовна уметност

Национална галерија на Република Северна Македонија

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ексклузивен концерт на Каролина во Струмица

Во рамките на проектот ,,Први март”, Каролина ќе одржи концерт во Струмица, на 17ти мај …