Беше објавена првата епизода од документарниот серијал на Нетфликс за животот на Хари и Меган и беше преполна со емоции.
Нетфликс објави и клип од првата епизода на својот официјален Твитер профил во кој Хари и Меган зборуваат за тоа кој доцнел на првиот состанок, но гледачите повеќе ги интересирало нешто друго.
Бомбастична одлука
Во првата епизода, го гледаме Хари како зборува пред камерата веднаш откако тој и Меган објавија дека се повлекуваат од кралскиот живот во февруари 2020 година.
Тогаш на екранот почнуваат да се вртат насловите на деталите за нивната бомбастична одлука, а Меган вели: „Не знам ни од каде да почнам“.
„Моја должност е да го заштитам моето семејство“, вели Хари, додавајќи дека е „загрижен за безбедноста на своето семејство“, опишувајќи го новото ниво на јавна омраза кон Меган и нивниот син Арчи.
Who was late for their first date? Harry & Meghan. Volume I: Now Streaming. pic.twitter.com/SEv8AqGZhR
— Netflix (@netflix) December 8, 2022
Расплаканата Меган
Во емотивна сцена, Меган вели дека само сака да „исплива на другата страна од ова“ и додава: „Не знам што да кажам“, пред да почне да плаче.
Да потсетиме, документарецот за животот на Хари и Меган излегува во шест дела, а трејлерот и тизерот кои беа објавени на YouTube собраа милиони прегледи, но и стотици илјади дислајкови.
Фото: Принтскрин/Twitter