Што прво помислуват жените кога мажот ќе стане претерано фин: Лаже, има друга, нешто згрешил…

Мал е бројот на мажи кои секојдневно се нежни, романтични, расположени за долги разговори. Токму затоа на жените често им е невообичаено и сомнително кога тој станува претерано фин и посветен.
Ако ви купил цвеќе, а нема посебна причина за тоа, веднаш се прашувате што му е, зошто го прави тоа? Не грижете се, не сте единствените. Кога мажот станува „премногу фин“, жената обично прво се сомнева дека сака да скрие нешто, покажало новото истражување.

This image has an empty alt attribute; its file name is mazi-zoni-2.jpg


Психолозите откриле дека две третини од жените имаат тенденција да се сомневаат дека нивниот партнер е неверен ако одеднаш почне да прави нови „трикови“ во кревет, а третина од испитаниците така мислат кога мажот ќе им подари накит или секси долна облека или ќе им донесе појадок во кревет.

„Сомнително“ однесување вклучува дури и обид на маж да учествува во домашните работи.


Од друга страна, ако жената одеднаш стане повнимателна, мажите прво нема да помислат дека нивната сакана нешто крие, туку едноставно ќе уживаат во тоа. Нивниот „аларм“ се гаси ако нивната убава половина одеднаш почне да се дотерува, да купува секси долна облека и да престане да им обрнува внимание.

This image has an empty alt attribute; its file name is maz-cisti.jpg


Меѓутоа, само една петтина од жените, кога ќе забележат промени во однесувањето на партнерот, се сомневаат дека се работи за сериозна афера. Повеќето мислат дека нивнаиот сакан сака да „прикрие“ некои мали, секојдневни „гревови“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …