Помага при ПУШАЧКА И ВИРУСНА КАШЛИЦА: Направете чај ОД ЧЕТИРИ СОСТОЈКИ и решете го проблемот што мачи многумина!

Ако се борите со кашлица бидејќи не можете да заспиете, обидете се да го консумирате овој чај кого го препорачува народната медицина.
Пушачката кашлица е нешто со кое се среќаваат повеќето пушачи. Дури и кога ќе успеете да се откажете од пушењето, кашлањето е нешто што ќе остане присутно некое време.
Од друга страна, упорната сува кашлица, која може да биде резултат на вирусна инфекција, често може да ве натера вас и вашето семејство да ја поминете цела ноќ будни.
Овој чај од кромид, кој не е премногу вкусен, е вистинско чудо кога станува збор за запирање на кашлањето. Ако го пиете секоја вечер, кашлицата треба да престане за неколку дена.
Рецепт за чај за кашлица

This image has an empty alt attribute; its file name is caj-od-kromid.jpg
Состојки:
– 1 црвен кромид
– 600 мл вода
– 2 лажици шеќер
– 1 лажица мед
Подготовка:
Во тенџерче што не загорува прво ставете две лажици шеќер. Кога шеќерот ќе почне да се карамелизира, полека ја додаваме целата вода. Кромидот се сече на крупни парчиња, не е потребно ситно да се сечка. Потоа додадете го во тенџерчето.
Почекајте водата да зоврие, а потоа оставете го кромидот да врие уште неколку минути. Тргнете го од оган и оставете го кромидот да отстои во чајот уште 10. или 15. минути. На крајот, кога сакате да пиете чај, додадете една лажица мед.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …