Што им е на мажите најпривлечно кај жените, а не е изгледот

Интересно истражување покажало дека еден фактор може да „прави чуда“ доколку сакате да заведете момче.
И покрај сите квалитети кои влијаат на тоа дека некој ни се допаѓа, примитивните инстинкти не можат да се игнорираат и денес, велат научниците.
Имено, една студија во која учествувале 400 луѓе покажала дека на мажите им се далеку попривлечни девојките кои имаат машки пријатели или работат во претежно машки колективи, а причината можете да ја погодите – тоа е ривалството!
Според експертите, мажите се возбудени од помислата дека имаат ривали, односно дека нивната партнерка лесно би можела да ги изневери доколку сака, па мора да се борат за нејзина наклонетост. Ова, се разбира, не значи дека можноста за изневерување е привлечна, туку дека примитивниот инстинкт да се борите за партнерот за да „обезбедете потомство со најпосакуваната жена“ е клучен, тврди авторот на студијата Мајкл Пем од Универзитетот во Окленд.
„Мажите ги импресионира кога нивната партнерка е привлечна за други мажи, кога сакаат да се дружат со неа. Тоа значи дека направиле одличен избор, но тоа е и потврда за нивната вредност – затоа што тие жени ги избрале токму нив”, додава Пем.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

УЖИВАЈТЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ДО ВТОРНИК: Од среда дестабилизирање на Атмосферата и локални врнежи, грмежи и засилен ветер

Метео прогноза на Славчо Попоски: Почитувани наши, уживајте во убавото пролетно топло време се до …