СЗО: Нема потреба од масовна вакцинација во Европа и Америка поради мајмунските сипаници

Светската здравствена организација (СЗО) не верува дека  појавата на мајмунски сипаници во Европа и Северна Америка ќе има потреба од масовни вакцини, бидејќи мерките како што се добра хигиена и безбедно сексуално однесување ќе помогнат да се контролира ширењето, рекол Ричард Пибоди, кој го води тимот на СЗО за високи патогени закани во Европа.
Во интервју за Ројтерс, Пибоди исто така рекол дека сегашните залихи на вакцини се релативно ограничени.
Примарните мерки за контрола на епидемијата се следење на контакт и изолација, рекол тој.
Јавните здравствени власти во Европа и Северна Америка истражуваат над 100. сомнителни и потврдени случаи на мајмунските сипаници.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Принцот Вилијам на тенк во близина на руската граница – објавена фотографија

АКО ПОСЕТИТЕ на членовите на британското кралско семејство служат за испраќање политички пораки, тогаш фотографијата …