Шехерезада се откажува од глумата: Приоритет сопругот и децата

Популарната турска актерка Бергузар Корел истакнала дека можеби нема да се врати на ТВ екраните.

Причината за тоа е едноставна и лична. Актерката истакнала дека повеќе не може да работи во ист интензитет и ритам како порано. Сега им дава предност на своите деца и семејството. Таа не е подготвена за големи жртви како порано. Таа сака да поминува што повеќе време со своите деца и да биде таму додека растат.
Судејќи според она што Бергузар Корел го истакна неколку пати сега, многу е реално дека актерката нема да се врати во ТВ сериите. Барем не во догледно време. Работата на серија на дигитални платформи е различна, и преостанува многу повеќе слободно време. Затоа е подготвена да прифати улога во една од таквите серии.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …