Септември во звуците на „Мала Италија патува 2“ со Павле Камилоски

Новото продолжение на проектот „Мала Италија патува“ ќе се одржи на 19 септември во 20.00 часот во големата сала на Македонска Опера и Балет. На настанот ќе ги слушнеме најубавите песни од италијанската, француската и шпанската музика.
Иницијатор на овој проект е Павле Камилоски, кој го започна патувањето низ најубавите светски балади и успешно го споделува со својата публика, претворајќи го во традицијатаза сите љубители на убавата музика.
Основната идеја на настанот е да ги презентира и поврзе културите преку уметнички и музички ноти за публика која ужива во авангардна и безвременска музика, но пред се публиката има можност да ја доживее и почувствува љубовта и посветеноста на Павле Камилоски кон музиката.


„Музиката отсекогаш тлеела во мене, но очигледно не сум бил свесен за својот потенцијал. По се изгледа во тинејџерските денови сум бил срамежлив да го споделам мојот порој кон неа. Но, нема никогаш да заборавам како по дома ја пеев „O soleMio“. Животниот пат ме доведе до натпреварот на бродот кај што работев, crewtalentshow и победата ме охрабри да се посветам на оваа страст и порив. Школувајќи го гласот откривав колку многу можам да дадам преку песната и музиката, затоа оттогаш, до денес работам и инвестирам во усовршување на своите вокални способности, а Мала Италија патува е еден од начините за да им ја пренесам на публиката убавината на медитеранската песна и остварување на сите мои соништа“, вели Павле Камилоски.


Неговото прво појавување се случи во 2015 година во Музејот на град Скопје во октомври, каде што тој успеа да ја освои публиката со својата соло изведба. Во 2016 година,Павле го прави својот прв соло концерт со пијано придружба. Во 2017 година, замина за Париз на доусовршување и до ден денес континуирано вложува во себе и надградба на своите вокални способности кај еминентни професори.
Инспирацијата која ја ужива Павле за создавање на овие патувања за својата публика, секогаш доаѓа од италијанската музика и култура.
Последниот проект е именуван како „Мала Италија” и ја означи љубовта кон медитеранската музика и традицијата за него продолжува.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Од 12-ти до 14-ти декември по 9-ти пат ќе се одржи Интернационалниот филмски фестивал „ Winter Apricots“

Во Прилеп, од 12-ти до 14-ти декември ќе се одржи Интернационалниот филмски фестивал „Winter Apricots“. …