Скопје како светска метропола: И’ Лени Кравиц со концерт – во мај 2019!

„Знаеме дека Авалонсково возење во моментов изгледа како она на Алиса во земјата на чудата, ама едноставно некогаш некои работи така се поклопуваат.
Па затоа, задоволство ни е да ви најавиме уште едно неверојатно големо име“, велат од „Авалон продукција“.

Во рамки на европската турнеја која е по повод излегувањето на новиот албум „Raise Vibration”, LENNY KRAVITZ ќе го посети и’ Скопје на 3. мај во ВИП Арената.
Од сите земји во регионот, Скопје и Софија се единствените градови каде фановите ќе имаат шанса да го видат неверојатното шоу на Lenny Kravitz во indoor амбиент.
За ексклузивноста на скопското шоу доволно говори и фактот што во оваа турнеја не се опфатени градови како што се Белград, Загреб и Атина.


После минатиот албум „Strut” кој што беше навистина извонреден, никој не очекуваше дека Lenny во толку краток период ќе се појави со уште едно толку квалитетно дело , но сепак “Raise Vibration” е на ниво на неговите најдобри албуми досега, а последниот радиски хит “Low” им е веќе добро познат на сите.
Концертите на Lenny Kravitz влегуваат во оние настани што се MUST SEE BEFORE YOU DIE бидејќи претставуваат врв во концертната лајв индустрија.
„American Woman”, „Are You Gonna Go My Way”, „Believe”, „Fly Away”, „Again”, „Let Love Rule”, „Chamber”, се само дел од хитовите кои ќе имаме можност да ги слушнеме во Скопје, во сала со капацитет од 8.000 посетители.
Сите детали околу влезниците за овој концерт ќе бидат објавени во понеделник.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …