Познатата Плејбој зајачица ја прекинала врската со младиот фудблаер но не ја напуштила Франција каде живее последната година.
И птиците на гранките знаат дека Памела Андерсон својот изглед го должи на пластичната хирургија па тоа и’ не е некоја новост.
Но, 51-годишната актерка успеала да ја шокира јавноста со своето замрзнато лице, на претставувањето на новата сезона на шоуто “Танц со ѕвездите” – француска верзија, во кое оваа година ќе биде натпреварувач.
Памела на црвениот тепих дошла со очила за сонце, а кога ги тргнала, открила дека повторно посетила пластичен хирург, иако пред неколку години изјави дека повеќе нема да легнува под нож.
“Не сакам да ја прогонувам младоста. Сакам да ги искусам сите периоди од животот и не се плашам од стареење”, рекла во 2015.та година, на интервју за магазинот “Parada”. Но, нејзиното затегнато, неподвижно лице, без ниту една брчка, укажува на тоа дека актерката го погазила своето ветување.
Од друга страна, мора да ја пофалиме нејзината фантастична фигура, која совршено ја нагласила во миди фустан, кој истовремено зрачел со сексапил и елеганција.