Potocinja.Poster.2018

Детскиот фестивал „Поточиња“ објавува аудиција за нови членови

Оваа пролет Детскиот фестивал “Поточиња“ го прослави својот 15 – ти роденден со прекрасни шест претстави во Македонската опера и балет, а со доаѓањето на есента започнуваат подготовките за новото 16 – то издание “Поточиња 2019” кое ќе се одржи следната пролет.

Potocinja.Poster.2018

За таа цел, организаторот “Пап продукција“ објавува Аудиција за прием на нови членови – учесници на “Поточиња 2019”. Аудицијата ќе се одржи во градинката “Срничка“ (објект Бамби) во нас. Аеродром од 17 – ти до 20 – ти септември во периодот 18:00 – 19:00 часот. Сите заинтересирани деца на возраст од 5 до 10 години може да дојдат во еден од предвидените термини и со широка насмевка да испеат една омилена песничка.


За повеќе информации можете да се обратите на produkcijapap@gmail или 072 210 660.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ексклузивен концерт на Каролина Гочева во Велес

Во склоп на концертите по повод ,,Први Март” во Македонија, Каролина ќе одржи ексклузивен концерт …