Сеќавање: на денешен ден во 2016 година почина актерката Ратка Чоревска

Ратка Чоревска е родена во Штип на 25 февруари 1924 година. Таа беше македонска актерка, доајен на македонската глума.

Била дел од многу театарски ансамби во Македонија, но и во играни филмови. Таа од 1950 година била дел од Народниот театар во Битола каде што настапувала до 1994 година. Нејзиниот ангажман во Битолскиот народен театар останал запаметен по многу улоги.


Добитник е на многу награди и признанија, а во 2010 година ја добила наградата за животно дело на фестивалот Војдан Чернодрински во Прилеп. Таа е сопруга на глумецот Трајко Чоревски и мајка на глумците Благоја и Борис Чоревски.

Починала во Битола на 7 јануари 2016 година.


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ексклузивен концерт на Каролина во Струмица

Во рамките на проектот ,,Први март”, Каролина ќе одржи концерт во Струмица, на 17ти мај …