Сеќавање – на денешен ден во 2014 година почина истакнатиот македонски сликар Милош Коџоман

Милош Коџоман бил роден во Скопје на 22 октомври 1952 година. Тој е македонски сликар, припадник на новата генерација уметници што се појавиле во почетокот на 70-тите години на минатиот век. Неговите уметнички проекти ги обележуваат првите прогресивни манифестации, како што се перформансот и инсталацијата.

Коџоман е роден во Скопје во 1952 година. Во 1972 година го завршил Училиштето за применета уметност „Лазар Личеновски“, а во 1974 година дипломирал на Педагошката академија во Скопје. Во 1977 година ја добива награда за најдобар студент, на прославата на 30-годишнината на Педагошката академија. Има реализирано над 20 самостојни изложби низ Македонија и во многу светски центри – Виена, Париз, Њујорк и др., а учесник е и на повеќе групни изложби.


Добитник е на повеќе престижни награди и признанија, а во 2008 година и највисокото државно признание наградата „23 Октомври“ за долгогодишни остварувања во областа на културата и уметноста на Македонија. Неговите дела се застапени во многу уметнички колекции во земјата и во странство. Бил член на ДЛУМ од 1973 година. Починал на 21 ноември 2014 во Скопје.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот познат оперски пејач Благој Нацоски

Благој Нацоски е роден на 18 мај 1979 година во Скопје. Тој е познат македонски …