Премиера на младинската претстава „Како ќе го делиме мачорот“

Во среда, на 22 ноември 2023 година, во Театарот за деца и младинци во Скопје, со почеток во 20:00 часот, премиерно ќе биде изведена младинската претстава „Како ќе го делиме мачорот“.

Автор на текст и режија: Јане Спасиќ
Драматизација: Играат:
Драган Довлев
Ана Левајковиќ Бошков
Матеа Јанковска
Никола Наковски
Ангела Димитрова
Ненад Митевски
Марија ЃорѓијовскаЈане Спасиќ
Сценографија: Кирил Василев
Костимограф: Бранкица Јордановска
Избор на музика и звучна обработка: Јане Спасиќ
Автор на промотивен материјал: Матеја Николиќ


За жал, разводите денес стануваат се почести, а времето за разговор меѓу децата и родители се пократко. Сегашноста на разни начини ни го краде времето за помирување, мир и смирување. Во тажната нова нормалност и новиот недостиг на време, почувствував потреба да створиме претстава која ќе им подаде рака на децата и младите кои минуваат низ процесот на развод на едно семејство, но и стимул на родителите да поведат разговор со нивните деца и да пробаат да ги разберат нивните гледишта и стравови во сето ова. Од друга страна оваа претстава е „воведен курс“ за сите блиски и начинот на кои тие може да подадат рака на некој ближен кој минува низ развод.

Ќе бидеме пресреќни, ако некои деца и млади најдат охрабрување да зборуваат со некого и да ги избегнат вообичаениот срам и страв од околината при соочување со болката поради она што им се случува дома. Секоја болка има лек, понекогаш тоа е разговорот, понекогаш плачењето, понекогаш е подадената рака и разбирањето дека разводот не е крај на светот и дека нема ништо срамно во тоа. Време е да тргнат на страна табуата и да се зборува, за децата и младите да не останат со предлабоки лузни од овој болен и трауматичен процес.


Инспициент: Ѓуро Дракулоски
Фотографии на рекламен и видео материјал: Емил Петро
Тон мајстор: Владимир Стефановски
Светло мајстор: Мартин Митровски
Изработка на костим: Љубица Велкова
Декоратери: Јовица Видески, Бујамин Селими и Мирзат Камбери
Шминка: Игор Петрески
Гардеробер: Мирка Ѓоргиева

Време траење: 110 мин


Продукција: Н.У. Театар за деца и младинци
Скопје, ноември 2023

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет идеи за подарок за Велигден

Во предвечерието на еден од најголемите христијански празници Велигден обично се прашуваме што да подариме …