Се подготвува Live Aid за Украина – Ќе настапат Стоунси, У2… „Сакаме да извршиме притисок врз Путин“

Летово треба да се одржи голем Live Aid концерт за помош на Украина и на жртвите од руската агресија. Концертот е планиран да се одржи на 24 јуни на Вембли, како поддршка на украинскиот народ, а извор за The Sun открил дека целта е „да се изврши дополнителен притисок врз Владимир Путин“.

„Ова ќе биде голема работа. Ќе настапат најдобрите музичари популарни низ целиот свет. Тоа е нешто што луѓето сакаа да го направат веќе некое време, но сега ги одредивме времето и местото. Веќе упативме покани за најголемите музички ѕвезди, но свесни сме дека поради набиениот распоред и со толку ненадеен повик, можеби нема сите да дојдат“, вели анонимниот извор.


This image has an empty alt attribute; its file name is bono-voks-1.jpg

Кој би можел да настапи
А покани наводно добилер Ролинг Стоунси, U2, Адел, Пол Макартни, Пинк, Ноел Галагер, Флоренс и The Machine и многу други.
“Ние сме оптимисти за овој концерт бидејќи многумина веќе се согласија да настапат. Ова ќе биде одлична можност за бендовите кои се политички активни и имаат антивоен став, како U2, дополнително да ја истакнат ситуацијата во Украина. Ваков голем концерт секако може да изврши дополнителен притисок врз Русите и Путин“, рекол изворот и потоа посочил можен проблем.


This image has an empty alt attribute; its file name is mik-dzeger-bebe4.jpg
„Единствениот проблем може да биде што Live Aid се поклопува со фестивалот во Гластонбери, каде што ќе настапат многу големи имиња“, нагласил тој, а Live Aid наводно ќе личи на оној во 1985 година, кога беа собрани пари за жртвите од глад во Етиопија.

Фото: Мозаик


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …