Ријана наскоро ќе настапи на најпопуларниот настан во светот
Ријана долго време го чуваше својот син во тајност, се до семејната фотосесија за Vogue минатиот месец. Сега објави слатко видео, а нејзиниот коментар со изтазот на лицето на детето сите ги насмеа.
Таа неодамна настапи на полувремето од Суперболот, каде со својот настап го остави светот без зборови, а воедно ја најави и втората бременост, па играта ја стави на втор план. По неверојатниот настап, Ријана откри и дека ќе се појави на Оскарите кои се одржуваат на крајот на неделата. Таа ќе ја изведе песната „Lift Me Up“ од филмот Black Panther: Wakanda Forever, за која беше номинирана за најдобра оригинална песна. Ова е нејзина прва номинација за Оскар.
Со оглед на тоа што подготовките течат, таа ги изненади своите следбеници на социјалната мрежа со видео на кое се гледа реакцијата на нејзиниот син на спотот за песната што ќе ја изведе на доделувањето, со коментар:
– Син ми кога дозна дека брат му или сестра му одат на Оскарите, а не тој – напишала пејачката.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram