СЕ ЛЕКУВАЛ ВО БОЛНИЦА – Откриена причината за смртта на Масимо Савиќ

Откриена е причината за смртта на легендарниот хрватски пејач Масимо Савиќ, кој не напушти на 60 година.
Имено, како што јави хрватската радио и телевизија ХРТ, Савиќ починал во Клиничкиот болнички центар на Сестрите на милосрдието во Загреб, каде се лекувал од рак на белите дробови.
Веста за неговата смрт ја потврдија неговата сопруга Ани и ќерката Мирна. Тие се простија од него со објава на Фејсбук.

„По кратка, но херојска борба, нè напушти нашиот татко, сопруг, гордост и љубов, Масимо Савиќ. Иако го напушти овој свет, вечно ќе живее во нашите души, насмеан, топол, силен, полн со љубов и исткаен од уметност. Ќе бидеме твои девојки засекогаш. Ани и Мирна“, напишаа тие.
Од Масимо се простија неговите многубројни пријатели и колеги, меѓу кои: Тони Цетински, Нина Бадриќ, Халид Бешлиќ, Ана Руцнер, Златан Стипишиќ Џибони и многу други.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …