Samsung ја претстави својата визија „Вештачка интелигенција за сите“ на CES 2024

 

Самсунг ја престави стратегијата за користење на технологијата за вештачка интелигенција за да го направи искуството на поврзаниот уред побезбедно, поинклузивно и енергетски поефикасно


 Samsung Electronics Co., Ltd. денес ја сподели својата визија за тоа како технологијата за вештачка интелигенција (AI) ќе им овозможи на луѓето да уживаат во своите уреди поинтуитивно и поудобно од кога било досега. Презентирајќи ги овие идеи на прес-конференција на саемот CES® 2024, Samsung се здружи со клучните партнери за да ја претстави технологијата зад оваа визија и да објасни како новите производи и услуги ги користат можностите на вештачката интелигенција за да го олеснат животот.

Јонг-Хи (Џ.Х.) Хан (Jong-Hee (JH) Han), потпретседател, извршен директор и раководител на одделот за корисничко искуство (DX) на Samsung, ја отвори прес-конференцијата објаснувајќи како вештачката интелигенција ќе им овозможи на поврзаните технологии да го подобрат секојдневниот живот на луѓето, притоа останувајќи ненаметливи и „во позадина. ” Стратегијата, која тој и другите ја наведоа, се фокусира на улогата на вештачката интелигенција во подобрувањето на поврзаните искуства кои се едноставни и корисни. За време на прес-конференцијата, Samsung презентираше голем број производи и услуги кои помагаат да се постигнат овие цели.


„Со појавата на вештачката интелигенција, попаметните, подобри искуства ќе го редефинираат начинот на кој живееме“, рече Хан. „Широкото портфолио на моќни уреди на Samsung, заедно со стремежот за отворена соработка, ќе помогне да се донесат вештачката интелигенција и хипер-поврзаноста до сите“.

Производите за визуелен приказ и дигиталните уреди со вештачка интелигенција носат нови искуства во домот


За време на прес-конференцијата на CES, Џонатан Габрио (Jonathan Gabrio), раководител на Центарот за поврзано искуство во Samsung Electronics America, ги истакна начините на кои технологијата за вештачка интелигенција го трансформира начинот на користење на производите за визуелен приказ и дигиталните уреди. На пример, телевизорот Samsung Neo QLED 8K QN900D може да се пофали со вграден AI-процесор, NQ8 AI Gen 3, опремен со 8 пати поголема невронска мрежа со вештачка интелигенција и два пати побрз NPU од неговиот претходник. Благодарение на процесорот NQ8 AI Gen3, Samsung Neo QLED 8K автоматски ја зголемува содржината со ниска резолуција за да им обезбеди на корисниците искуство на гледање со квалитет до 8K и ги изострува брзо-движечките слики преку AI Motion Enhancer Pro. Samsung Neo QLED 8K, исто така, располага со Active Voice Amplifier Pro, кој ги анализира гласот и бучавата во заднина со вештачка интелигенција за да го оптимизира вашето слушачко ТВ искуство со цел да можете да уживате во различни содржини како да сте во првиот ред на стадион или во кино. Samsung Neo QLED 8K, исто така, располага со оперативниот систем Tizen Home, што ги нуди најновите апликации, услуги, персонализирани содржини и препораки за услуги за подобра забава.

Што се однесува до гледачите со различни потреби, Samsung обезбедува и иновативни функции за пристапност. Функцијата за знаковен јазик во Neo QLED на Samsung може лесно да се контролира со гестикулации за лицата со оштетен слух, а функцијата Audio Subtitle го претвора текстуалниот титл во изговорени зборови во реално време за оние со слаб вид.

Понатаму, Samsung го воведува новиот The Premiere 8K, проектор кој не само што има 150-инчен екран, туку е и првиот безжичен 8K преносител во светот за проекторите. Со The Premiere 8K, корисниците ќе можат да уживаат во гледањето во удобноста на нивните домови исто како да се во кино.

Што се однесува до звукот, Samsung го претстави и Music Frame, звучник со приспособлив дизајн кој беспрекорно се интегрира во домовите на корисниците. Преку Q-Symphony, Music Frame се синхронизира со телевизорите и Soundbar звучниците на Samsung, обезбедувајќи збогатен бас и просторен звук од двојни вградени вуфери во домот со минимален напор.

Samsung, исто така, направи големи надградби на Ballie, роботот со вештачка интелигенција, кој првпат беше претставен на саемот CES 2020. Ballie еволуираше во ваш придружник со вештачка интелигенција способен да комуницира со други паметни уреди за да обезбеди приспособени услуги, како што е извршување на досадни задачи или проектирање слики и видео записи на ѕидовите, така што корисниците можат да ги гледаат информациите кои се значајни за нивниот секојдневен живот, како што се временската прогноза или друга релевантна содржина, каде и да се наоѓаат.

За подобри искуствата со кујната и храната, Samsung го открива фрижидерот Bespoke Flex™ со 4 врати и со AI Family Hub™+[1] [2]. Овој фрижидер може да се пофали со екран од 32 инчи со нова функција AI Vision Inside[3], кој користи внатрешна камера за да препознае до 33 различни прехранбени производи што се ставаат и вадат од фрижидерот и предлага рецепти со тие состојки. Корисниците, исто така, можат на екранот на фрижидерот Bespoke Flex™ со 4 врати и AI Family Hub™ да постават „користење по датуми“ на прехранбените производи, што потоа му овозможува на фрижидерот да испрати известување кога ќе се приближи зададениот датум. Со практичната помош да заштедите пари со намалување на отпадот од храна, овие функции со вештачката интелигенција овозможуваат поеколошки начин на живот. Плочата за готвење Anyplace Induction го носи поврзувањето со вештачка интелигенција чекор понапред, бидејќи рецептите зачувани на платформата Samsung Food може да се споделат на 7-инчниот екран на плочата за готвење, така што корисниците можат лесно да ги следат додека готват.

Технологијата за вештачка интелигенција на Samsung се проширува и на уреди надвор од кујната. Новиот Bespoke AI Laundry Combo™ – машина за перење и сушење – содржи AI Hub[4], 7-инчен LCD екран кој работи како интуитивен контролен центар за управување со перењето, овозможувајќи им на корисниците да уживаат во едноставно искуство на перење и сушење. Ги персонализира перењето и сушењето така што ги помни навиките на корисниците и користи машинско учење за да предложи циклуси. Во меѓувреме, правосмукалката и роботскиот џогер на Samsung, Bespoke Jet Bot Combo™[5], ја користи технологијата за вештачка интелигенција за да обезбеди поудобно, ефективно искуство на чистење. Со AI Object Recognition, ажурирана функција од претходната линија на роботи за чистење, правосмукалката може да разликува повеќе предмети, како и да открие дамки и празни места[6]. Bespoke Jet Bot Combo™, исто така, го препознава типот на подот – заедно со должината на тепихот – и соодветно ги прилагодува своите поставки.

Самсунг ја претстави Galaxy Book4 како серија на лаптопи со најприлагодена вештачка интелигенција досега

Samsung го надминува она што може да го направи компјутерот и соработува со Microsoft за да создаде нови, беспрекорно поврзани искуства. Сега, овие искуства дополнително се унапредуваат со нови функции за поврзување што ја прават серијата Galaxy Book4 поедноставна, попаметна и поприлагодлива, зајакнувајќи ја посветеноста на Samsung и Microsoft за обезбедување на најдоброто можно искуство со компјутер.

Користејќи интелигентни, интуитивни AI-способности, Microsoft Copilot[7] ја поврзува серијата Galaxy Book4 со паметниот телефон Samsung Galaxy за да тие беспрекорно работат заедно како еден уред. Microsoft Copilot може да наоѓа, чита или сумира текстуални пораки од паметниот телефон Galaxy на корисникот, па дури и автоматски да креира и испраќа пораки во име на корисникот директно од компјутерот. Без да мора да го вклучите паметниот телефон и да ја отворите секоја поединечна апликација, серијата Galaxy Book4 може побрзо и поинтелигентно да пристапи до функциите и информациите на паметниот телефон.

Серијата Galaxy Book4 сега може да ја претвори моќната камера на паметните телефони Samsung Galaxy во веб-камера за компјутер[8], користејќи ја за видео повици на апликациите за виртуелни конференции. Корисниците можат слободно да ги менуваат предните и задните камери со само еден клик на нивниот компјутер, а исто така нуди различни функции од паметните телефони Galaxy – Background Blur и Auto-framing – кои се фокусираат на сликата на говорникот во која било средина.

Со блиската, тековна соработка помеѓу Samsung и Microsoft, ќе продолжат да се овозможуваат поинтелигентни способности на серијата Galaxy Book4, при што горенаведените функции за поврзување ќе бидат достапни почнувајќи од март.

Исто така, серијата Galaxy Book4 може да се спои со други уреди Galaxy, а не само со паметните телефони. Таблетот Tab S9 Ultra може да се користи како дополнителен компјутерски монитор, а корисниците можат да уживаат во кристално чист звук со намалена латентност кога компјутерот е поврзан со слушалките Galaxy Buds2 Pro. Со сите овие можности и многу други, серијата Galaxy Book4 е дизајнирана да го обезбеди најдоброто можно искуство со компјутер.

Подобро поврзување на корисници и уреди преку просторна интелигенција

Џејон Јунг (Jaeyeon Jung), извршен потпретседател и раководител на платформата SmartThings, ги истакна возбудливите нови начини на кои технологијата за вештачката интелигенција влијае на односот помеѓу корисниците и нивните уреди, вклучувајќи ја и визијата на Samsung за SmartThings: Колку повеќе уреди на Samsung користи клиентот, толку тие уреди стануваат попаметни и толку подобро можат да го разберат и поддржат секојдневниот живот.

Просторната вештачка интелигенција е клучот за овозможување на оваа визија, помагајќи им на уредите да го разберат просторот за живеење и рутините на корисникот, со што ќе се овозможи поперсонализирано искуство за управување со домот. SmartThings користи LiDAR[9] на поврзани уреди, како што се роботските правосмукалки, за да креира дигитални планови за да може корисниците лесно да ги проверат статусот и локацијата на сите нивни уреди. А во март, SmartThings ќе го претстави надградениот 3D приказ на мапа за подетално искуство на паметните телефони и телевизори Samsung. Понатаму, едноставен QR-код ќе им овозможи на корисниците да додадат члденови на семејството и пријатели во нивниот екосистем SmartThings, така што секој член на домаќинството ќе може да креира свои рутини.

Користејќи паметни сензори и вештачка интелигенција, SmartThings ќе може да детектира невообичаени околности, како што е пад, и да испраќа предупредувања до наведениот член од семејството или друг назначен корисник[10]. Исто така, благодарение на Galaxy SmartTag2, корисниците можат да ги следат активностите на нивните миленици и дигитално да складираат информации за идентификација со прикачување на ознаката на ременот[11].

Друга работа за која зборуваше Јунг е како гласовниот асистент Bixby дозволува паметните домови да станат подинамични со неговите подобрени способности за вештачка интелигенција. Bixby сега може автоматски да ги насочува командите до најсоодветните уреди врз основа на разбирањето на локацијата и активностите на корисникот. Клучните технологии, како Multi Device Wakeup во комбинација со заеднички протокол за комуникација, му овозможуваат на Bixby да слуша команди со сите уреди во просторијата, но потоа да го изврши само бараното дејство на најрелевантниот уред. Значи, ако корисникот е во кујната и гледа видео запис со рецепт на својот Family Hub™ и извика: „Еј, Bixby! Пушти музика”, во тој момент, музиката ќе се чуе од паметниот звучник на корисникот, но видео записот со рецептот ќе продолжи да се емитува на Family Hub™ непрекинато.

Телевизорот со услугата Samsung Daily+ сигурно ќе стане централен хаб за голем дел од оваа функционалност на паметниот дом, а истовремено ќе дава пристап до различни дополнителни услуги. Тука спаѓаат видео повици преку ConnecTime, видео услуги за ветеринарни консултации[12] и Тракер за вежбање, преку кои податоците за вежбањето може да се пренесат на паметните часовници на Samsung. Samsung, исто така, ја најави новата услуга Samsung Now+, која прикажува корисни информации за домовите на корисниците, како што се временска прогноза или пренос во живо од безбедносната камера на домашниот безбедносен систем, без телевизорот да биде вклучен. Како што е случајот со функциите на SmartThings, корисниците можат да пристапат до овие информации преку говорна команда.

Доближување на домот и автомобилот со можностите Дом-до-Автомобил

Самсунг најави и развој во автомобилската индустрија, почнувајќи со партнерство со групацијата Hyundai Motor. Samsung и Hyundai потпишаа меморандум за разбирање, кој беше објавен пред почетокот на саемот CES 2024. Според договорот, корисниците ќе имаат пристап до услугите „Дом-до-автомобил“ и „Автомобил-до-дом“, благодарение на поврзувањето со платформата SmartThings. Хејонг Квон (Haeyoung Kwon), раководител на Центарот за развој на инфозабава и извршниот пододдел за SDV[13] во групацијата Hyundai Motor, даде забелешки во врска со партнерството.

„Користејќи го софтверски дефинираното возило на групацијата Hyundai Motor, SmartThings сега ќе работи со возилата Hyundai, Kia и Genesis преку апликацијата“, рече Квон. „Сите ние во групацијата Hyundai Motor го цениме нашето партнерство со Samsung и сме возбудени за новите функции што ги обезбедуваме за вашите возила преку попаметно поврзување“.

Преку SmartThings, корисниците ќе можат да користат гласовни команди за далечински да извршуваат функции во нивниот автомобил, како што е загревање на возилото однапред или отворање и затворање прозорци. Поврзувањето на SmartThings оди и во друга насока, со тоа што корисниците можат да ги контролираат домашните функции од нивното возило. Корисниците ќе можат автоматски да ги отвораат и затвораат гаражните врати врз основа на локацијата на автомобилот, како и да ја регулираат температурата во домот. Сите овие дејства може да се извршат преку гласовни команди.

Дополнително, Samsung го продлабочи долгогодишното партнерство со HARMAN за да го подобри начинот на кој корисниците го доживуваат возењето. Мишел Гатузо (Michelle Gattuso), потпретседател за управување со производи во HARMAN, зборуваше за тоа како двете компании градат нови технологии за да го подигнат искуството со возењето.

„Водечката позиција на Samsung во потрошувачката технологија – заедно со автомобилската стручност на HARMAN – ја отвори вратата за искуства кои ја менуваат играта, како што се функциите: HARMAN Ready Care, Ready Vision и Ready Display“, рече Гатузо. „Но, она што сега работиме со Samsung станува уште поинтегрирано. Samsung и HARMAN работат заедно за да донесат уште повлијателни искуства во целиот екосистем во кабината.

Функцијата Ready Care на HARMAN, која се фокусира на безбедноста на возачот, имплементира техники на невронско вмрежување за длабоко учење за следење на движењето и когнитивната будност на возачот и може да обезбеди персонализирани потсетници и предупредувања. Дополнително, Ready Care сега може да препознае дали патниците се возрасни или деца и соодветно да ги приспособи поставките за активирање на воздушните перничиња.

Понатаму, функцијата Ready Vision носи интуитивен екран директно на шофершајбната – благодарение на проширената реалност – пред очите на возачите, токму кога им е потребно. На пример, возачите имаат пристап до мапа што се ажурира според рутите во реално време, како и препораки за најбрзата рута или каде да застанат на кафе. Друг производ на HARMAN, функцијата Ready Upgrade, им овозможува на производителите на автомобили често да ги ажурираат хардверот и софтверот на своето возило. Ова ги одржува возилата релевантни, модерни и ефикасни подолго време.

Samsung се фокусира на безбедноста и приватноста низ уредите

Во оваа иднина на длабоко меѓусебно поврзани уреди со вештачка интелигенција, Samsung признава дека безбедноста и приватноста се најважни. Шин Баик (Shin Baik) од тимот за безбедност на Mobile eXperience зборуваше за безбедносните решенија на компанијата како основа на ерата на хипер-поврзаност.

Едно такво решение е Samsung Knox Matrix, кое сега обезбедува шифрирање од крај до крај на многу паметни телефони Samsung Galaxy и паметни телевизори. Технологијата ќе им овозможи на уредите да се следат едни со други за да ги идентификуваат и изолираат безбедносните закани. Компонентата Knox Vault, која помага безбедно да се чуваат корисничките податоци на некои од најпопуларните уреди на Samsung, е проширена за да покрие повеќе уреди поврзани со SmartThings, како што се телевизорите Samsung Neo QLED 8K. Дополнително, партнерствата на Samsung со големите технолошки компании им овозможуваат на корисниците да ја искусат безбедноста и приватноста на начин кој е прилагоден на нивните специфични потреби.

Samsung напредува во делот за користење одговорни материјали, управување со потрошувачката на енергија и пристапноста

Во меѓувреме, Инхи Чунг (Inhee Chung), потпретседател на центарот за корпоративна одржливост на Samsung, ги истакна плановите на Samsung за поциркуларна економија. Како дел од овие планови, Samsung сè повеќе вградува рециклирани материјали во своите производи – вклучително и рециклирана пластика од фрлените рибарски мрежи во уредите Galaxy[14], рециклирана пластика во телевизорите и рециклиран алуминиум во фрижидерите Bespoke[15]. Дополнително, програмата Certified ReNewed на компанијата – достапна во САД и во одредени европски земји – нуди обновени телефони по пристапни цени, додека Galaxy Upcycling им овозможува на корисниците повторно да ги користат или пренаменат своите стари телефони на креативни начини. Компанијата планира да ги зголеми и рециклирањето и надградбата.

Што се однесува до начините на кои технологијата на Samsung придонесува за одржливоста, компанијата користи вештачка интелигенција за да ја направи употребата на своите производи енергетски поефикасна преку функции како SmartThings AI Energy Mode, која автоматски ја оптимизира употребата на енергијата за да им помогне на корисниците да заштедат електрична енергија. Овие функции се уште еден пример за тоа како технологијата со вештачка интелигенција не само што ќе го олесни животот, туку и ќе им овозможи на корисниците да живеат на начин кој е еколошки и економски поодговорен.

Благодарение на новата соработка со Tesla, SmartThings Energy станува уште покорисна платформа внатре и надвор од домот. Соработката ја интегрира SmartThings Energy со производите на Tesla, вклучувајќи електрични возила (EVs), домашна батерија Powerwall и решенија за полнење на електрични возила Solar Inverter и Wall Connector EV. Друга придобивка е што корисниците на SmartThings Energy можат да ја искористат функцијата „Storm Watch“ на апликацијата Powerwall на Tesla, која ги означува тешките временски услови преку SmartThings, и тоа не само на апликацијата Tesla, туку и на поврзаните телевизори и мобилни телефони на Samsung. SmartThings, исто така, може да им помогне на корисниците да се подготват за можни прекини во струјата со активирање на AI Energy Mode за да го продолжат времето на користење на резервната енергија складирана во нивните Tesla Powerwalls.

Samsung додава нови функции за да ја зголеми достапноста на уредот, како што е функцијата дигиталните уреди да реагираат на гестикулации без раце. Дополнително, мобилните уреди обезбедуваат автоматски генерирани написи за време на повиците, а телевизорите и екраните нудат нова AI-функција за претворање на текст во говор, која ги претвора титловите во говорен звук. За дополнително да им помогне на лицата со слаб вид, Relumino Together е нов режим на гледање на телевизорите на Samsung што им овозможува на сите корисници да гледаат телевизија заедно, со или без визуелни прилагодувања. Сега, сите заедно може да уживаат во домашната забава.

[1] Името на производот е само за Северна Америка. Производот се нарекува “Bespoke 4-Door French Door Refrigerator with Family Hub™+” во другите региони.

[2] Не значи дека сите услуги достапни на фрижидерот Bespoke Flex™ со 4 врати и со AI Family Hub™+ се со вештачка интелигенција или генерираат информации или резултати користејќи вештачка интелигенција. Услугите/функциите што користат модели на длабоко учење се ограничени на 1) AI Vision Inside и 2) функции на Bixby.

[3] Од март 2024 година, AI Vision Inside може да препознае 33 прехранбени производи, како свежо овошје и зеленчук. Ако храната се покрие со рака и не се препознава, таа може да биде наведена како непознат артикл. Камерата не може да идентификува или наведе храна која стои на вратата на фрижидерот или е во замрзнувачот. Откривањето и идентификувањето на прехранбените производи се заснова на нашиот модел за длабоко учење кој има претходно дефиниран збир на податоци и може да даде нецелосни или неточни информации. Од време на време може да се воведуваат нови податоци во нашиот модел за учење за да се подобри неговата точност.

[4] Не значи дека сите услуги достапни на AI Hub се со вештачка интелигенција или генерираат информации или резултати користејќи вештачка интелигенција. Услугите/функциите што користат модели на длабоко учење се ограничени на: 1) AI Smart Dial 2) AI Opti Wash & Dry и 3) функциите на Bixby. Моделите за учење може да се ажурираат одвреме-навреме и може да дадат нецелосни или неточни информации.

[5] Моментално е во развој и е предмет на промени.

[6] Ажурираната функција AI Object Recognition се очекува да биде достапна во втората половина од 2024 година.

[7] Корисниците мора да го поврзат својот телефон со Galaxy Book4 преку „Link to Windows“ на мобилен телефон и апликацијата Microsoft Phone Link на компјутер и да ги следат упатствата за поставување. Паметниот телефон Galaxy мора да има One UI 1.0 или понова верзија. Истата MS сметка се користи и на компјутер и на телефон. Времето на функцијата и достапноста може да се разликуваат во зависност од пазарот и уредот.

[8] Корисниците мора да го поврзат својот телефон со Galaxy Book4 преку „Link to Windows“ на мобилен телефон и апликацијата Microsoft Phone Link на компјутер и да ги следат упатствата за поставување. Паметниот телефон Galaxy мора да има One UI 1.0 или понова верзија. Истата MS сметка, Wi-Fi мрежна конекција да се користи и на компјутер и на телефон. Достапноста може да варира во зависност од уредот.

[9] LiDAR (Light Detection and Ranging) е оптичка технологија што се користи за мерење далечини.

[10] SmartThings ќе може да ги информира назначените лица за можен итен случај доколку открие индикации за пад преку партнерските сензори за присуство со функцијата за откривање пад или часовникот Galaxy. Услугата за откривање пад се очекува да биде достапна во текот на оваа година.

[11] Информациите за контакт и пораката прикажани на Lost Mode мора претходно да се регистрираат на апликацијата SmartThings, заедно со регистрацијата на корисникот преку е-пошта. Уредот на SmartTag2 мора да поддржува NFC читање и да биде поврзан на интернет.

[12] Samsung Daily+ нуди пристап до услуги за ветеринарни консултации од трета страна како што е Dr. Tail.

[13] Софтверски дефинирано возило

[14] Рециклирана пластика добиена од фрлени рибарски мрежи е вградена во: серијата Samsung Galaxy S22, серијата Galaxy S23, Galaxy S23 FE, Galaxy Z Flip4, Galaxy Z Fold4, Galaxy Z Flip5, Galaxy Z Fold5, Galaxy Tab S9 серијата, Galaxy Tab S9 FE серијата, Galaxy Book3 серијата, Galaxy Book4 серијата, Galaxy Buds2 Pro, Galaxy Buds FE и многу други.

[15] Рециклиран алуминиум е вграден во панелите од вратите на фрижидерот BESPOKE, во следните модели: RQ38B9981APG, RR40B9971APG, RR40B99C5AP/**, RW33B99*****, RW33B99C5TF/**, RZ38B98***** и RZ38B98C5AP/**

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашата истакната писателка Кристина Николовска

Кристина Николовска е родена на 17 мај 1969 година во Скопје. Таа е македонски поет, …