„Сајбер шејк“ настан – дискусија за млади на тема „Дипфејк или реалност“

Знаете ли што значи дипфејк? Како да препознаете лажни видеа, аудија и фотографии кои шират дезинформации на социјалните мрежи? Кои алатки да ги користите за да можете полесно да утврдите кои видеа, аудио содржини или фотографии се направени со помош на вештачка интелигенција, а кои се автентични?

Ова е темата на „Сајбер шејк“ настанот – дискусија за млади „Дипфејк или реалност“, кој ќе се одржи на 21 февруари 2024 година во 18 часот во кафе и филм „Котур“.


Говорници ќе бидат Бојан Стојковски, главен уредник на порталот ИТ.мк, Иван Чорбев, професор од ФИНКИ и Мери Јордановска, заменик-главен уредник во Мета.мк.

Пријава за учество може да се пополни на овој линк: https://forms.office.com/Pages/ResponsePage.aspx…


На крајот од настанот ќе има и дополнителен квиз со прашања за дипфејк, од она што ќе се зборува на дискусијата, а ИТ.мк ќе доделат три награди:

Прво место: 1.500 денари ваучер за нивниот ИТ маркет + Премиум членство за нивните содржини
Второ место: Премиум членство за нивните содржини
Трето место: Basic членство за нивните содржини


Настанот „ Сајбер шејк“ го организира Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ со поддршка на Активноста на УСАИД за млади луѓе кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата IESC во партнерство со Младинскиот образовен форум и CEED Hub Скопје.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На регионот, како и на Македонија и се закануваат локални поројни поплави: Од вечерва, па и во текот на наредната недела силни врнежи, грмежи и временски непогоди

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклон од западна Европа, од вечерва, па …