Потребно е да јадете само една лажица секое утро
Сувото овошје е полно со хранливи материи, влакна, витамини и минерали, оревите се полни со протеини, омега 3 масни киселини и магнезиум, бадемите се исклучително богати со антиоксиданси, а семките од тиква содржат здрави масти кои имаат корисен ефект врз здравјето на срцето и коските. Комбинацијата од овие неверојатни природни намирници дава домашен лек за зајакнување на имунитетот. Се зема една лажица наутро, по можност на празен стомак, а комбинацијата на овие хранливи состојки ќе ве натера да го започнете денот полни со енергија. Пробајте го овој рецепт за бомба за имунитетот и направете нешто вредно за вашето здравје и виталност.
Состојки:
30 гр ореви
30 гр бадеми
15 гр семки од тиква
25 гр суви кајсии
4 урми
25 гр суви брусници
сок од 1 портокал
200 мл врела вода
Подготовка:
Урмите, кајсиите и брусницата прелијте ги со 200 мл зовриена вода. Оставете ги да отстојат 15 минути, исплакнете ги и исцедете ги. Сите состојки ставете ги во блендер и додадете го сокот од портокал. Мешајте додека не добиете хомогена смеса, истурете во тегла и чувајте во фрижидер. Користете го природниот имунолошки засилувач во следните 10 дена.
Фото: Архива