(РЕЦЕПТ) Напиток за зајакнување на ИМУНОЛОШКИОТ СИСТЕМ: Комбинацијата од неколку состојки му обезбедува на вашето тело многу витамини и минерали

Доколку сакате да го зајакнете имунитетот или да ја подобрите работата на дигестивниот тракт, ова е совршениот рецепт за вас…
Ако лесно заболувате од настинка и грип, ова е најчестиот знак дека имате ослабен имунолошки систем. Најдобро би било да се обидете да го зајакнете на сосема природен начин, користејќи намирници кои се богати со корисни материи.

Состојки:
1 чаша вода
1 лажица природен мед
1 лажица ленено семе
1 зелено јаболко


This image has an empty alt attribute; its file name is jabolko-za-zdravje-1.jpg
Подготовка: јаболкото излупете го, исечкајте го и ставете го во блендер. Додадете ги другите состојки и блендирајте додека не добиете хомогена смеса. Се препорачува да се зема една чаша двапати неделно.

Овие намирници содржат состојки кои имаат антиинфламаторно и антимикробно дејство бидејќи содржат витамини А и Б, голем број киселини како линолна, олеинска, палмитинска, како и влакна. Затоа, тие имаат позитивен ефект врз работата на дигестивниот тракт и можат да го забрзаат процесот на заздравување на ткивата.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: Пет години без нашиот актер Васо Ангелов

Васо Ангелов е роден во 1938 во Ваташа. Уште како ученик во основното училиште а …