(РЕЦЕПТ) Маска која Јапонките ја користат со векови: Подмладете го лицето со помош на ТРИ СОСТОЈКИ

„Испеглајте“ ги брчките на наједноставен начин
Оризот е магична намирница која освен што е одличен додаток во оброците, е и одличен избор за нега на кожата и косата. Јапонките тоа го знаат со векови. Тој е извор на линолеинска киселина и сквален – моќен антиоксиданс кој го стимулира производството на колаген.
Токму тоа ја прави оваа намирница одлична за спречување на брчки и забавување на процесот на стареење на кожата. Оризот е богат и со витамин Е, кој е важен во процесот на подмладување.
Освен тоа, оризовата вода е богата со корисни материи како антиоксиданси, но е и одличен сојузник за хидратација на кожата и стимулирање на циркулацијата. Посебно се смета за корисен за ублажување на воспалението на кожата, лекување на старечки дамки и спречување на брчки.

This image has an empty alt attribute; its file name is oriz-cistenje-1.jpg
Многумина оваа маска ја нарекуваат „10 години младост“ со причина. Потекнува од Јапонија и помага вашето лице да се затегне и негува.
Состојки:
1 лажица млеко
1 лажица мед
3 лажици ориз
Подготовка: оризот измијте го, исцедете и сварете, процедете но никогаш не ја фрлајте водата од оризот во која е варен.
Во оризот додадете топла лажица млеко и топла лажица мед. Нанесете ја маската на чиста и сува кожа и оставете ја на лицето додека не се исуши целосно.
Потоа исплакнете го лицето со водата во која сте го свариле оризот.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …