(РЕЦЕПТ) Ќе ја бришете прашината до ТРИ ПАТИ ПОМАЛКУ: Скратете го времето на чистење со домашен спреј против прашина

Овој домашен спреј е идеален за сите површини каде често се собира прашина.
Иако во дрогериите има спрејови кои се наменети за прашина, треба да се има на ум дека природното е секогаш подобра опција и кога е здравјето и кога е буџетот во прашање.
Домашниот спреј против прашина лесно се подготвува, а за подготовка ви се потребни само три состојки, како и вода.

„Овој спреј е поздрава и поекономична варијанта а и тоа како е делотворен“


Состојки:
– 1 чаша вода
– 1/4 чаша алкохолен оцет
– 2 лажици маслиново масло
– 10-15 капки есенцијално масло по желба (лимон, лаванда)
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки во празно шише со распрснувач. Добро протресете го шишето пред употреба. Испрскајте ја течноста на површината што ја бришете или на крпа и поминете преку саканото место.
Благодарение на овој моќен домашен спреј, ќе ја бришете прашината до три пати поретко отколку што вообичаено би правеле.

Фото: Принтскрин/YouTube/Live Simply


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …