(ВИДЕО) Објавен трејлерот за новата серија поради која многумина ќе заборават колку ја сакаа „Игра на тронови“

Објавен е трејлерот за новата фантастична серија The Wheel of Time, чија прва епизода не очекува на 19. ноември оваа година.
Оваа серија е базирана на романите напишани од Роберт Џордан.
Заплетот на серијата се одвива во фантастичен свет на магија, но кој само некои можат да го создадат. Жената по име Мојрејн, која ја игра Розамунд Пајк, заедно со пет млади мажи и жени, тргнува на опасно и предизвикувачко патување кое ќе ги промени судбините на сите.
Првата сезона од серијата, снимена под покровителство на Amazon, има седум епизоди. Веќе е најавено дека ќе се снимаат и епизоди од втората сезона.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …