(ФОТО) Хали Бери: „Каде бевте пред 17. години?

Хали Бери, поранешната Жена-Мачка, вели дека е благодарна на обожавателите на нејзиниот филм од 2004. година, и покрај тоа што добил лоши критики во тоа време.
Освен Хали Бери, оваа хероина на DC ја интерпретираа Ен Хатавеј и Мишел Фајфер, а сега алтер егото на Селин Хејл, односно Жената Мачка го оживеа актерката Зои Кравиц, глумејќи заедно со Роберт Патинсон во „Бетмен“.


View this post on Instagram

A post shared by Zoë Kravitz (@zoeisabellakravitz)


Одговарајќи на еден обожавател на Твитер кој напишал дека сепак повеќе го цени филмот за суперхерои „Catwoman“ од 2004 година затоа што Хали Бери ја „изеде“ улогата на Catwoman, актерката напиша дека ја чувствува „целата љубов“, но истовремено се прашува зошто луѓето не го кажале тоа пред 17. години.


Инаку, на актерката во тоа време не и беа непознати за филмовите засновани на стрипови, бидејќи глумеше во филмовите „X-Men“ (2000) и „X-2: X-Men United“ (2003).
По неуспехот на „Catwoman“, таа ја повтори улогата на лик на Марвел во „X-Men: The Last Stand“ (2006) и „X-Men: Days of Future Past“ (2014), додека повторно е покрената верзијата на „Catwoman“, играна од Ен Хатавеј, во „The Dark Knight Rises“.
И покрај лошиот прием што го привлече нејзиниот лик, Бери тврди: „Жена-мачка сè уште е мојот омилен суперхерој“.

Фото: Принтскрин/IMDB

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …