(Рецепт) Имате проблем со НЕПРИЈАТЕН МИРИС НА СТАПАЛАТА? Наместо скапи кремови пробајте ПРИРОДНИ РЕШЕНИЈА!

Помош со оцет
Бактериите не можат да преживеат во кисела средина, што го прави оцетот идеално решение во случај на непријатен мирис на стапалото. Бришење на стапалото со оцет ќе ја намали pH вредноста.

Растителен раствор
– 50 грама лаванда
– 50 грама рузмарин
– 50 грама жалфија
– 1 литар оцет
– 3 лажици сол
Истурете оцет над сечканите растенија, додадете дестилирана вода и добро измешајте, а потоа оставете покриено во чаша или порцеланска чинија на темно место. После три недели, процедете и растворете во топла вода и капете ги нозете секоја вечер неколку недели.


Солена бања
Растворете половина чаша сол во леѓен со топла вода и натопувајте ги нозете 20. минути двапати на ден. Солта ќе ја намали влажноста и ќе ги отстрани непријатните мириси.


Сушени билки
Измешајте една лажица мешавина од мајчина душица, рузмарин и жалфија со три чаши вода. Користете го добиениот раствор за да ги натопувате нозете.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

АПЕЛИРАМЕ НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

Метео прогноза на Славчо Попоски Почитувани наши, топлиот бран кој особено од викендот ќе ја …